Владимир Путин / Фото: Кремљ

Рускиот претседател Владимир Путин изрази сочувство до семејството на руската новинарка Дарија Дугина, а нејзиното убиство го нарече „подло и сурово злосторство“.

-Подло, сурово злосторство го прекина животот на Дарија Дугина, паметна, талентирана личност со вистинско руско срце: љубезна, полна со љубов, сочувствителна и отворена“ наведе Путин во телеграма – јавија руски медиуми.

Дугина загина во експлозија на возило во саботата вечерта. Нејзиниот татко на Запад го гледаат како еден од „мозоците“ на Путин.