Фото: Кремљ

Рускиот претседател Владимир Путин денеска објави делумна мобилизација во земјата со цел да се зголеми бројот на војници во воениот конфликт во Украина.

Во обраќањето што го пренесе руската телевизија Прва, Путин изјави дека делумната мобилизација се однесува на резервисти со искуство кои, како што најави, ќе поминат претходна воена обука.

– Потенцирам дека тоа е делумна мобилизација. Мобилизацијата започнува денеска, 21 септември. На Русите кои се мобилизирани ќе им бидат дадени сите бенефиции и гаранции – рече Путин.

Рускиот претседател информираше дека веќе го потпишал указот за делумна мобилизација, која ќе започне денеска.