Првата епизода е одиграна, ќе има и други, изјави денеска заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, огласувајќи се по нападот на Русија врз Киев и врз останати украински градови.
Тој на Телеграм објави дека според неговото мислење, цел на идното руско дејствување треба да биде целосна демонтажа на политичкиот режим во Украина.
– Украинската држава во сегашната конфигурација со нацистички политички режим ќе претставува постојана, директна и јасна закана за Русија. Затоа, покрај заштитата на нашиот народ и таа на границите на земјата, целта на нашето идно дејствување, по мое мислење, треба да биде и целосна демонтажа на политичкиот режим во Украина – наведува поранешниот руски претседател и премиер.