фото: Скриншот

Низ цела Русија луѓето почнаа да се собираат за да го изразат своето незадоволство од одлуката на претседателот Владимир Путин да воведе делумна мобилизација.
Стотици Руси се собраа во градовите на Далечниот Исток како Томск и Новосибирск. Во меѓувреме се забележани и првите апсења.

Движењето „Весна“ повика на серуски протестни акции против мобилизацијата што ја најави рускиот претседател, пренесува независниот руски медиум „Медуза“.