фото: Пикселс / Илустрација

Повеќе од 100 автобуси со неколку илјади цивили го напуштија опколениот град Суми во североисточна Украина во операција „безбеден премин“, соопшти Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК).

– Автобусите со ознаки на МКЦК се упатуваат кон градот Лубни во централна Украина, но можеби нема да можат да ја користат директната рута – изјави портпаролот на МКЦК, Џејсон Страциусо.

Тој рече дека руската страна дала дозвола за евакуација.

Во автобусите има само жени и деца.

– Повеќе од 100 автобуси се движат во два одвоени конвои. Тоа е заедничка операција на МКЦК и украинскиот Црвен крст – рече Страциусо.

Според Меѓународната организација на ОН за миграција, околу три милиони луѓе ја напуштиле земјата по воениот конфликт пред 20 дена.