фото: Пeксалс

Во Лондон се воведуваат мерки за ограничување на користењето на водата, од 24 август, соопшти денеска најголемата водоводна компанија во Велика Британија „Темза Вотер“.

На речиси 15 милиони луѓе во главниот град и во областа Оксфорд на запад им е забрането да ги полеваат своите градини, да полнат мали и големи базени, да ги мијат автомобилите, прозорците и дворовите со црева, соопшти компанијата.

За првпат по 10 години, таквите мерки за ограничување на користењето на водата го погодија Лондон, каде сушата во последните месеци ги претвори парковите во суви места.

Неколку водоводни компании веќе најавија слични забрани, главно на југот на земјата, но и во Јоркшир.

Во случај на повеќекратно непочитување на забраната на прекршителите им се заканува кривично гонење, а само еднаш се издава предупредување.