Израел
Израел повторно се покажува како пионер во борбата против пандемијата на коронавирусот. Израелските власти на луѓето над 60 години и на вработените во здравството им препорачуваат четврта доза од вакцината.
– Граѓаните на Израел беа први во светот што ја примија третата доза од вакцината против ковид-19 и остануваме пионери и со четвртата доза – изјави премиерот Нафтали Бенет.
Тој ги повика сите луѓе што се постари од 60 години, како и медицинскиот персонал, да се вакцинираат.
Изјавите на Бенет доаѓаат по седницата на експертското тело на Владата, кое заседаваше поради загриженоста за ширењето на омикрон-варијантата. Премиерот во врска со препораката на експертите за давање четврта доза рече дека е тоа извонредна вест, која ќе помогне да се совлада омикрон-варијантата.