Емануел Макрон/Фото: Фејсбук-страница на францускиот претседател

Францускиот претседател Емануел Макрон оцени дека победата на крајната левица или крајната десница на претстојните вонредни парламентарни избори во Франција може да предизвика „граѓанска војна“.

Тој рече дека екстремно левичарската партија „Франција непобедлива“, како и крајнодесничарската партија „Национален собир“ на Марин Ле Пен, спроведуваат политики што „охрабруваат поделби и тензии меѓу заедниците“, објави европското издание на „Политико“.

– Одговорот на десницата на нестабилноста е да ги сведе луѓето на нивната религија или нивното потекло и затоа ги турка луѓето кон граѓанска војна – истакна Макрон.