Фото: Твитер / Петро Порошенко

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко за Би-би-си вели дека оваа операција е почеток на многу поголема офанзива што ја планираат украинските сили.

– Тоа е тешка работа – рече тој.

– Ова е само почеток, затоа што Русија создаде многу длабока одбранбена област, до 40, 50 километри. И ова е тешка работа бидејќи Русија е сè уште многу, многу силна – рече Порошенко.

– Но, ова е успешно извидување. Многу, многу малку бригади се веќе вклучени во операцијата, но ова е само еден дел од можна офанзивна операција на Украинците – истакна поранешниот украински претседател.