Фото: принтскрин/јутуб

Генералното собрание на Обединети нации вечерва со мнозинство гласови усвои резолуција со која се повикува на итно хуманитарно примирје во Појасот Газа.

Во резолуцијата, на предлог на Јордан во име на арапските држави, се осудуваат сите акти на насилство против палестинските и израелските цивили, како и терористичките и неселективни напади.

Исто така се повикува на непречена помош и заштита на цивилите.

Резолуцијата е усвоена со 120 гласа „за“, „против“ 14 и 45 „воздржани“.

Одлуките на Генералното собрание не се правно обврзувачки, но имаат морална тежина поради универзалноста на членството.

Претходно и Белата куќа соопшти дека САД поддржуваат паузи во непријателствата помеѓу Израел и Хамас за да се дозволи достава на помошта во Газа.

– Ние би поддржале хуманитарни паузи за влегување, како и за излегување на луѓето, како и дотур на гориво и враќање на електричната енергија, истакна портпаролот на американскиот Советот за национална безбедност Џон Кирби.