Во 40 градови во Франција за денеска се најавени протести на граѓанското движење „Жолти елеци“, кое е незадоволно од реформите на пензискиот систем и растот на цените.
Протести се најавени во Париз, Лион, Безансон, Стразбур, Ница, Тулон, Тулуз, Марсеј, Колмар и Мулхаус.
Аполитичкото движење Жолти елеци, што спонтано се појави на социјалните мрежи, почна со протести ширум Франција во средината на ноември 2018 година, поради тогаш најавеното зголемување на даноците за гориво.
Протестите подоцна се претворија во општо незадоволството на граѓаните од политиката на претседателот Емануел Макрон, за кој тврдат дека ги фаворизира богатите и големите компании.
Собирите обично се одржуваа во сабота, а со текот на времето почнаа да опаѓаат нивната масовност.