Фото: Нетањаху/инстаграм

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху вечерва изјави дека испраќа делегација во главниот град на Катар, Доха, на преговори за продолжување на примирјето со Хамас, што е во сила од 19 јануари.

Тој испраќа делегација по денешната, уште една размена на израелски заложници за Палестинци.

Нетанјаху, по враќање од САД, планира утре да одржи состанок на безбедносниот кабинет за продолжување на примирјето со Хамас.

Катар е главниот посредник во преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа, чија прва фаза треба да биде завршена на 1 март.