Најмалку 15 луѓе биле застрелани во неделата наутро по локално време во Чикаго на забава по повод Ноќта на вештерките, јавува Си-ен-ен.
Меѓу жртвите има шест жени и девет мажи на возраст од 26 до 53 години, соопшти полицијата во Чикаго. Двајца (26-годишна жена и 48-годишен маж) се во критична состојба.
-Насилникот побегнал пеш и бил приведен од полицајците кои реагирале на пријава за пукање – соопшти полицијата.
Напаѓачот имал пиштол кога бил приведен од полицијата и бил однесен на сослушување.
-Полицијата продолжува да го истражува пукањето – се наведува во соопштението.