Украинската заменик-министерка за одбрана Хана Малиар денеска изјави дека „најголемиот удар“ во украинската контраофанзива допрва претстои.
Сепак, таа призна дека тоа е тешка операција, бидејќи Русија прави се што може за да ја запре Украина.
-Непријателот нема лесно да се откаже од своите позиции, а ние мора да се подготвиме за тежок дуел. Всушност, ова се случува токму сега – рече таа на „Телеграм“.
Таа додаде дека операцијата која е во тек има неколку цели и дека Армијата ги исполнува овие задачи.
-И покрај фактот што нашите трупи напредуваат во неколку правци кон југ, непријателот ги концентрира силите на Исток и продолжува да напредува таму. За непријателот ова е главниот правец на напад, бидејќи агресорот не се откажува од целта да дојде до границата на регионите Доњецк и Луганск – изјави Малиар.