Фото: Пиксабеј

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки за време на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски, рече дека Варшава е подготвена да ги обучува украинските пилоти за летање со борбени авиони Ф16.

Сепак, тој додаде дека тоа треба да се направи во рамките на една поширока меѓународна коалиција, пренесе „Киев индепендент“.

-Полска е подготвена да спроведе таква обука. Многу е важно небото над Украина повторно да биде безбедно – рече Моравјецки.

Моравјецки е во Киев на денот на годишнината од рускиот напад врз Украина.

Претходно, Варшава соопшти дека нејзините тенкови „Леопард 2“ веќе се му се испорачани на Киев.