Фото: Марија Захарова/Твитер

Одлуката на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) да им забрани на руските спортисти да учествуваат на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз е неправедна и неприфатлива – изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, a пренесе „Ројтерс“.

– Овие одлуки покажуваат до кој степен ИОК е оддалечен од принципите, за кои тврди дека се придржува и како тоне во расизам и неонацизам, изјави Захарова.

Кремљ денеска го обвини МОК дека се обидува да ги заплаши спортистите кои сакаат да учествуваат на Игрите на пријателство, бидејќи висок претставник на ИОК изјави дека не ја исклучува можноста за санкции против тие спортисти.

Исто така, Захарова наведува дека одлуката на Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН) да ја прекине соработката со руските научници е политизирана, дискриминаторска и неприфатлива.

ЦЕРН во декември објави дека ќе ја прекине соработката со Русија од ноември 2024 година и со Белорусија од јуни, поради војната во Украина.

– Западот врши се поголем притисок врз нашата земја во областа на фундаменталната наука – вели Захарова.