Фото/Илустрација: Пекселс

Српското Министерството за образование соопшти дека утринава пристигнала дојава за бомби во 97 основни училишта во Белград, како и во некои средни училишта, а во голем број од нив по полициска проверка било утврдено дека пријавите се лажни. Министерството соопшти дека онаму каде што завршиле проверките учениците се вратени на настава, јавуваат српските медиуми.

Експертот за безбедност Дарко Обрадовиќ за српски Телеграф вели дека е исклучително важно да се најде барем еден осомничен за пријавите. Тој објаснува дека јавноста е сведок на вистинска епидемија на лажни дојави за поставени бомби, а она што, како што вели, дополнително ги комплицира работите е тоа што секоја пријава мора да биде третирани како реална закана.
– Тоа е реална закана додека тимот за контрадиверзија не утврди дека нема експлозивни направи. Во оваа насока се исцрпуваат државните ресурси, се исцрпуваат ресурсите на разузнавачкиот апарат, но од друга страна се воведува паника и вознемиреност кај граѓаните и се прават големи економски штети ако се види колку чини сето тоа – рече Обрадовиќ.