Фото: Твитер/МНР на Русија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров повика на проширување на Советот за безбедност на ОН за да им се дадат повеќе претставници на азиските, африканските и латиноамериканските земји и да се стави крај на, како што ја нарече, западната доминација во светот.

– Поголемиот дел од светот не сака да живее според западните правила – изјави денеска Лавров.

Тој ги повтори и обвинувањата на Москва дека Западот, особено САД, се обидува да ги спречи Русија и Кина да дејствуваат независно во мултиполарен свет.