Фото: МНР на Русија

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров вчера изјави дека Молдавците треба да се загрижени за својата иднина бидејќи земјата ја вовлекуваат во НАТО.

Во текот на изминатата недела мистериозни експлозии одекнаа на повеќе локации во Транснистрија, регион во Молдавија со посебен статус, но речиси под целосна контрола на Москва, каде се стационирани руски трупи.

Тоа ги зголеми стравувањата од ширење на конфликтот низ регионот, пред сè во сепаратистичките региони во Молдавија и во Грузија.