Фото: Пиксабеј

Кремљ ги отфрли шпекулациите дека целта на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Минск е да ја убеди Белорусија, која штотуку ја тестираше подготвеноста на своите воени сили, да се приклучи во конфликтот во Украина.

– Таквите предлози се „неосновани“ и „глупави“, изјави денеска портпаролот на Кремљ – Дмитриј Песков.

Пред првата посета на рускиот претседател Владимир Путин на Минск по повеќе од три години, белоруското Министерство за одбрана објави дека извршило серија проверки на подготвеноста на своите вооружени сили.

Неделните воени вежби и проверки ги зголемија стравувањата во Украина дека Белорусија, откако и дозволи на Русија да изведува воени акции од нејзина територија, се подготвува за поактивна улога во конфликтот.

Во Киев денеска имаше серија руски напади со дронови кои ја оштетија „виталната“ инфраструктура во екот на зимата, неколку часа пред доаѓањето на Путин на разговори со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко.