Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека затворот за резервистите кои избегнуваат мобилизација не е доволна казна, но предложи на војниците и офицерите кои се на фронтот да им се даде можност да си ја изберат казната.
Кадиров додаде дека на бегалците треба да им се наплати 50 отсто од помошта што ја добиле од државата преку образование, лекување и слично.
Казните се смешни, како и петгодишните затворски казни. Ќе ги оставиме ли дезертерите да седат мирно во нивните ќелии, додека нашите храбри и бестрашни момци ги ризикуваат своите животи на првата линија, праша Кадиров.
– За почеток, на оние на фронтот треба да им се даде можност да ги изберат казните за дезертерите. Потоа пресметајте колкава помош добил дезертерот од државата – за образование, лекување, социјални надоместоци, плати, па потоа наплатете им 50 отсто од вкупната сума. А потоа, марш за копање ровови и влечење гранати – напиша Кадиров на Телеграм.