Кина е длабоко загрижена поради најавата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) за планот на Австралија за набавка на подморници на нуклеарен погон, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи.
– Силно се спротивставуваме на трите земји (Велика Британија, САД и Австралија) кои ја принудуваат МААЕ на такво нешто“, изјави портпаролот Ванг Венбин – пренесе „Ројтерс“.
Еден ден претходно МААЕ објави дека трите земји ги информирале за договорот и повториле дека правните обврски на тие земји во однос на неширење на нуклеарното оружје се суштински.