Илустрација / Фото: Пекселс

Најмалку пет лица загинаа, а 15 се ранети во израелски воздушни напади врз станбен кварт во сирискиот главен град Дамаск рано утринава, јавија сириските државни медиуми.

Силни експлозии се слушнале во централниот дел на градот околу 12.30 часот по локално време, а сириската државна новинска агенција САНА објави дека сириската противвоздушна одбрана „се спротивставува на непријателските цели на небото околу Дамаск“.

Како што наведува САНА, повикувајќи се на воен извор, меѓу петмината загинати има и еден војник, ранети се 15 лица и „уништени се неколку станбени згради“.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија, која ја следи војната во Сирија, соопшти дека 15 лица, вклучително и една жена, биле убиени во напади насочени кон локации поврзани со иранските милиции и либанската екстремистичка група Хезболах.

Се вели дека една од целите е иранско училиште во населбата Кафр Суса во сириската престолнина. Израел досега не го коментираше нападот.

Се вели дека една од целите е иранско училиште во населбата Кафр Суса во сириската престолнина. Израел засега не го коментираше нападот.

Последниот напад на израелската војска во близина на Дамаск, пред земјотресот во Сирија и Тирција, се случи на 2 јануари, а сириската армија тогаш соопшти дека израелската војска истрелала ракети врз меѓународниот аеродром во сириската престолнина, затворајќи го и убивајќи двајца војници, а други двајца беа ранети.

Израел со текот на годините изврши стотици напади врз цели во делови на Сирија контролирани од владата во Дамаск, но ретко ја презема одговорноста за таквите напади или разговара за нив. Меѓутоа, израелските власти признаа дека се насочени кон базите на организациите како Хезболах, која испрати илјадници борци да ги поддржат силите на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Нападите на аеродромите во Дамаск и Алепо се резултат на стравувањата дека тие би можеле да бидат искористени за испорака на иранско оружје во таа земја.