Фото: Принтскрин/Јутуб - „Скајњуз“

Хамас објави видео од киднапираната 21-годишна Израелка, Миа Шем, која исто така има француско државјанство, по што нејзиното семејство одржа прес-конференција. Керен Шарф Шем, држејќи ја фотографијата од ќерка си, рече дека го видела своето дете на видеото и веќе слушнала шпекулации дека била застрелана во рамото или ногата.

На видеото што го објави Хамас се гледа како девојка со преврзана рана на раката, додека зборува директно пред камерата.

– Имам 21 година и сум од Шохам – рече таа во едноминутното видео.

Таа моментно се наоѓа во Газа и се лекува во тамошната болница.

– Ве молам, извадете ме одовде што е можно побргу – додаде заложничката.

– Изгледа преплашено, како да има многу болки. Го молам светот да го донесе моето дете дома. Таа отиде на фестивал да се забавува, а сега е во Газа. Ова е злосторство против човештвото. Треба сите да се здружиме да се спречи овој терор и се вратат сите дома. На ќерка ми ѝ треба лекарска помош. Таа е борец, таа е воин. Таа помина низ сè во својот живот. Знаев дека се бори и нема да се откаже. Таа има најголемо срце, таа е мојот најдобар пријател. Сакам да ѝ кажам на ќерка ми дека ја сакам многу и многу ми недостига. Секој ден замислувам како ја гушкам кога ќе си дојде дома – рече мајка ѝ.

На конференцијата учествуваше и братот на Миа, кој рече дека сака да каже едно и само едно: Миа, Миа и сите други заложници да се вратат дома“.

– Миа е невино дете, кое само сакаше да оди на забава со другарките. Но, таа беше киднапирана и е далеку од дома. Ние ја сакаме назад – додаде братот.