Фото: Илустрација/Принт-скрин

Десетици ракети утрово се истрелани од Појасот Газа кон Израел, при што загина една жена. Во нападот повредени се две лица.

Одговорноста за нападот ја презеде палестинската милитантна исламистичка група Хамас.

Воениот командант на Хамас Мухамед Ал-Деиф изјави дека цел на нападот биле непријателски позиции, аеродроми и воени позиции, тој тврди дека се истрелани 5.000 ракети.

Во првичниот извештај на израелските одбранбени сили (ИДФ) се наведува дека голем број терористи се инфилтрирале на израелска територија во Појасот Газа.