Фото: Антонио Гутереш/официјален инстаграм профил

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави дека „секој вработен во ОН вклучен во терористички акти“ ќе биде кривично гонет, по обвинувањата дека неколку работници на УНРВА учествувале во нападот на Хамас на 7 октомври врз јужен Израел.

– Од 12-те лица вклучени во тој напад, кој резултираше со израелската воена операција во Појасот Газа, на деветмина од нив им е раскинат договорот, за еден е потврдено дека е мртов, а идентитетот на останатите двајца се уште се утврдува, прецизираше Гутереш

Шефот на Светската организација, истовремено, апелираше до владите да продолжат да ја поддржуваат УНРВА, по одлуката на девет земји, меѓу кои САД и Британија, привремено да го прекинат финансирањето на агенцијата на ОН која им помага на палестинските бегалци.

– Секој вработен во ОН вклучен во акти на терор ќе биде повикан на одговорност, вклучително и кривично гонење, потенцираше Гутереш.