Фото: Европол

Полицијата на пет европски земји го прекина синџирот на шверцери на луѓе кои по цена од 9.000 евра по човек префрлиле 5.000 кубански мигранти во Европа, преку Србија и Грција. Како што наведува Европол во денешното соопштение, крајната дестинација на тие луѓе била Шпанија.

Шверцерите го искористија фактот дека на кубанските граѓани не им е потребна виза за Србија. Уапсени се 62 осомничени. Истрагата откри обемна криминална мрежа која до апсењето оперирала во Србија, Шпанија и Грција.

Кај осомничените била пронајдена поголема количина фалсификувани документи што ги користеле мигрантите. Тие влегле легално во Србија, а потоа шверцерите ги префрлиле во Грција, а потоа во Шпанија преку илегални патишта низ Македонија.