Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во денешниот телефонски разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, повторно се понудил да биде посредник во преговорите меѓу Москва и Киев, соопшти кабинетот на турскиот претседател.
– Ердоган му изрази сочувство на Зеленски за жртвите од хеликоптерската несреќа на 18 јануари – се додава во соопштението.
Во несреќата кај Киев загинаа 14 лица, а меѓу нив беше и министерот за внатрешни работи на Украина, Денис Монастирски.