Либанското Министерство за здравство соопшти дека најмалку 12 лица загинале, а 66 се повредени, од кои девет се во критична состојба, во денешниот изралески напад врз Бејрут.
– Отстранувањето на урнатините сè уште трае – се вели во соопштението.
Денешниот израелски напад врз Бејрут следеше откако Хезболах истрела ракети на северот на Израел и во време кога се очекува одмазда во тој регион, бидејќи лидерот на таа шиитска организација Хасан Насрала се закани за овонеделните експлозии на илјадници пејџери и токи-воки.
Јужните предградија на Бејрут биле нападнати за време на сообраќајниот метеж, кога вработените се враќале од работа, а учениците од училиште.
Во меѓувреме портпаролот на израелската армија на арапски јазик, Авичаи Адраи, изјави дека неколку други команданти на Хезболах се убиени заедно со Акил во денешниот напад во Бејрут.