Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека договорот за прекин на огнот во Газа и ослободување на преостанатите заложници од страна на Хамас е „блиску до целта“.
-Верувам дека сме во линијата од 10 јарди и возиме кон гол-линијата на договор што ќе обезбеди прекин на огнот, ќе ги врати заложниците дома и ќе не стави на подобар пат да се обидеме да изградиме траен мир и стабилност – нагласи Блинкен на форум во Колорадо.