Фото: Пиксабеј

Земјотрес со јачина од 4,4 степени попладнево е регистриран во северниот дел на Албанија, кој е почувствуван и во Црна Гора.

Епицентарот на потресот е на 14 километри јужно од Скадар и на 57 километри југоисточно од Подгорица на длабочина од 10 километри.

Според албанското Министерство за одбрана, земјотресот не предизвикал материјална штета, освен паника меѓу жителите.