Сѐ повеќе општини и градови во Хрватска одлучуваат да ги спречат туристите во нивните намери да оставаат крпи на плажите, за да „резервираат“ слободно место. Општината Нови Винодолски им се приклучи на другите приморски места, кои изрекуваат казни до 1.500 куни, за оставање крпи на плажите, но оваа одлука ќе се применува од следната година. Од општинските власти изјавуваат дека туристите претеруваат, а комуналните редари секое утро ги одземаат крпите и ги носат во магацин, кој е неколку километри оддалечен од градското јадро. Туристите ретко се одлучуваат да одат и да си ги земат.
– Има купишта крпи, издишани душеци за пливање, разни лежалки и сл. Лани само 39 туристи ги побарале своите одземени предмети – вели началникот Тони Јуранчиќ за РТЛ.
Еден турист од Славонски Брод вели дека не е во ред да се остават крпите прекуноќ, бидејќи другите туристи не можат да најдат слободно место за капење.
– Доаѓаме навреме на плажа, а нема место каде да се помине до морето. Има многу метеж на плажите – изјави Драгица Хакаловиќ од Словенија.
Мартин Бијек, турист од Словачка, не е задоволен од условите на плажата.
– Не е добро, има премногу луѓе и премногу крпи – изјави тој за новинарите на РТЛ.