Словенија

Загрижувачки информации доаѓаат од Словенија, каде што во последните 24 часа се потврдени 9.858 нови заразени од коронавирус, а починале уште 11 пациенти со ковид-19. Бројките ги објави вчера словенечкиот институт за јавно здравје, додавајќи дека уделот на позитивните тестови е најголем досега и позитивни биле над две третини. Иако ова не е најголемиот број потврдени зарази во еден ден, бидејќи во вторникот имаше 12.286 нови корона-инфекции, за продолжувањето на тешката епидемиолошка ситуација сведочи фактот дека на седумдневно ниво растот на инфекциите и натаму е енормен, а забележан е и најголемиот удел на позитивните тестови со повеќе од две третини.
Со 14.714 ПЦР-тестови, потврдени со 9.858 заразени, или 67 отсто, седумдневниот просек на дневните зарази е зголемен на 8.529, а 14-дневната инциденца на 4.576 нови заразени од коронавирус на 100.000 жители, според податоците на институтот. Поради ограничените капацитети за тестирање на брисовите, Министерството за здравство договори испраќање на дел од примероците на ПЦР-тестирање во една лабораторија во јужна Германија, а во преговори е и со уште една институција во Виена доколку притисокот врз овластените лаборатории во Словенија се зголемува. Според податоците на Министерството за здравство, во словенечките болници во моментов се згрижени 599 ковид-пациенти, од кои 143 се на одделите за интензивна нега, а бројот на активните случаи на заразата надминал 96.000.