Фото: Твитер/Албин Курти

Косовскиот премиер Албин Курти истакна дека нема да дозволи „друга српска република на Косово, слична на онаа која постои во БиХ“.

– Не сум против Србите, но Србија е против нас и не можам да дозволам друга српска република на Косово, слична на онаа која ја имаат во Босна затоа што таму почнаа да ги соединуваат општините со мнозинство српско население и со тоа да прават автономен ентитет која ја саботира државата БиХ – вели Курти во изјава за албанската телевизија „Сири“.

Тој верува дека постои „слична цел и на Косово“ и наведе дека лидерите во Србија пред неколку години се обидоа да направат проект за размена на територии.

Курти не може да каже дека тој проект е мртов, ама тврди дека идејата пропадна.

Српскиот премиер повтори дека се противи за иницијативата „Отворен Балкан“ и ја обвини Србија дека се обидува да го дестабилизира Балканот.

Посредникот во дијалогот помеѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, пак, апелираше итно да се реши прашањето на луѓето што се водат како исчезнати на Косово.

– Итно решавање на судбината на над 1.600 луѓе кое се водат како исчезнати. Сите сакани, без оглед на нивната етничка припадност, заслужуваат нивниот случај да се затвори“ наведува Лајчак на Твитер.

Тој нагласи дека прашањето за исчезнатите станува итно.

– Поради тоа го посетив Документарниот центар, одржав состаноци со Ресурсниот центар за исчезнати лица и ја погледнав емисијата – напиша Лајчак на Твитер.