Хрватска

Хрватите во 2022 година распродале 646 килограми злато, во вредност од околу 30 милиони евра, поради зголемените трошоци за живот. Во исто време, поимотните граѓани од Хрватска се ориентираат кон купување инвестициско злато.

Во секој кризен период, дел од граѓаните во Хрватска се одлучуваат да продадат златото и накит, кои се чуваат во домашните „трезори“. Во економската криза во 2012 година, во Австрија и во Италија биле извезено околу 6,4 тони за 179,7 милиони евра.

Во претпандемиската година, во 2019, бил извезен околу еден тон злато за 40 милиони евра. За време на корона-кризата во откупните продавници за злато завршиле 1,43 тон златен накит и предмети во вредност од 64 милиони евра. Минатата година биле продадени 3,42 тона злато за 85,7 милиони евра.