Бугарија
Во Софија беа презентирани податоците за контролата од страна на делегацијата на Европскиот парламент во врска со сомнежи за злоупотреба на јавни средства во Бугарија. За време на престојот во Бугарија, делегацијата предводена од Томаш Здечовски се сретна со претставници на граѓанското општество, истражувачки новинари, бугарската ревизорска управа и телото што управува и ги следи фондовите на ЕУ. Европратениците, меѓу кои и Андреј Новаков од ЕПП/ГЕРБ, ги посочија главните проблематични области во земјата.
Европратениците открија како кај јавните набавки за поправка и изградба на патишта или земјоделски програми нараснуваат цените за јавна набавка и дадоа пример.
Ако нормалната цена е 30 милиони, понекогаш средствата се европски и има тројца учесници, тие поднесуваат понуда за 80, 90 и 110 милиони. Тоа го гледаме во земјоделството. Ако ги трасираме средствата дадени за опрема и машини, секој учесник ги зголемува цените за 30, 40, 50 проценти, а ако опремата е специјализирана – уште повеќе. Погледнете ги цените на Гугл и ќе ја видите разликата. Разликата ја гледаат сите, институции може да видат колкава е цената на одреден модел. Ова се работи што многупати се споменуваат во ревизиите на Европската комисија. Вашите патишта можеби се многу евтини, но ако е кофинансиран или финансиран од европските фондови, одеднаш цената станува висока. Имаме конкретни случаи со конкретни докази. Се разговараше со невладини организации, кои ни дадоа нови материјали за водечките личности во регионот. Има многу такви примери низ годините – велат европратениците.