Источниот дел на Крит викендов го зафатија обилни дождови во кои се поплавија градовите Иерапетра и Ситиа, по што е прогласена вонредна состојба.

Службите за помош при катастрофи денеска испумпуваат вода од зградите, хотелите и куќите на источниот медитерански остров, кој во голема мера зависи од туризам.

Во Грција, особено на Крит, изминатите денови имаше невреме со невообичаено голем број бури и поројни дождови, јави ДПА.