Ана Брнабиќ

Српската премиерка, Ана Брнабиќ, во изјава за „Танјуг“ најави реакција на официјален Белград по одлуката на Приштина за забрана на влез на сите српски официјални претставници во Косово и Метохија.

Брнабиќ во изјавата укажува на, како што вели, зголемените провокации од страна на Приштина, кои, според српската премиерка, имаат влијание врз регионалната безбедност, соработката и вмрежувањето.

Според неа, Приштина сé повеќе повлекува вакви чекори, вклучувајќи ја и денешната одлука за забрана за сите српски официјални претставници да патуваат на територијата на Косово и Метохија.

-Тоа е нешто на што допрва ќе реагираме, изјавила Брнабиќ.