Шефицата на Полицискиот инспекторат во Приштина, Мирадиј Кељменди соопшти дека 19-те уапсени полицајци се суспендирани од должноста и определен им е притвор од 48 часа.
Таа рече дека од нив, 11 биле српски националисти, четворица Албанци и четворица Бошњаци, пренесе „РТК“ на српски јазик и додаде дека еден од нив е командир на полициска станица.
-Претресени се 12 локации. За време на претресите одземено е оружје, техничка опрема и пари. Полициските службеници се притворени на 48 часа и сите се суспендирани од должноста-изјави таа на прес-конференција во Приштина.
Косовската полиција соопшти дека уапсени се и девет граѓани кои се обиделе да ја опструираат работата на полицијата.
Српските медиуми претходно јавија дека на местото Зубин Поток се слушале и истрели од огнено оружје, а биле употребени и димни бомби. Според српските медуми има и ранети граѓани во судирите.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ го подигна нивото на воена подготвеност на српската армија, а косовскиот претседател, Хашим Тачи, реакцијата на Вучиќ ја нарече популистичка и за внатрешна употреба.