Фото: Џо Бајден/инстаграм

Американскиот претседател Џо Бајден  ја осуди објавата на Русија дека анектирала четири региони на Украина и нагласи дека Москва го прекршува меѓународното право.

– САД го осудуваат денешниот измамнички обид на Русија за анексија на суверена украинска територија. Русија го крши меѓународното право, ја гази Повелбата на Обединетите нации и насекаде го покажува својот презир кон мирните нации – наведе Бајден во изјавата.