Фото: Принтскрин

Руските истражувачи соопштија дека имаат докази кои покажуваат дека украинската војска минатата недела го соборила рускит воен транспортен авион Ил-76 над регионот Белгород со проектили земја-воздух од американско производство.

Русија повеќе пати обвини дека  Украина го соборила авионот Ил-76 на 24 јануари, при што загинале 74 лица во него, вклучително и 65 заробени украински војници за кои Кремљ рече дека биле на пат да бидат разменети за руски воени заробеници.

Киев, кој се бори со руските сили во Украина, ниту потврди ниту негираше дека го соборил авионот, но ги оспори деталите од извештајот на Москва и повика на меѓународна истрага.

– Рускиот истражен комитет објави дека украинските војници од позиција во селото Липци во областа Харков истрелале две ракети кон авионот – пренесе „Ројтерс“.

На фрагментите од проектилот биле пронајдени следните ознаки: „ASSY 11455748“, „SN740179“, „ASSY 11461343“, „SN740206“, „ASSY 11461865“, „SN740207“, „Raytheon“, „CONFIDENTIAL classified by PATRIOT SECURITY CLASSIFICATION GUIDE DATED“, „9/22/83 ADDENDUM DATED 11/28/83 8/8/84 CONTRACT NO/DAAH01-86C-A018′,”, се вели во соопштението на Рускиот истражен комитет.

Комитетот објави краток видео клип на кој се прикажани истражителите како ги испитуваат остстоците од проектилот на неодредена локација.

– Остатоците подигнати од локацијата, според нивниот дизајн и геометриски карактеристики и достапните ознаки, ги претставуваат структурните елементи на противвоздушната наведувана ракета МИМ-104А на комплексот „патриот“ од САД, развиена од корпорациите „Raitheon“ и „Hughes“ – соопшти Комитетот.

Киев се уште не одговорил на тврдењата на Рускиот истражен комитет.