САД

Американската економија порасна во третиот квартал, закрепнувајќи од падот во првата половина од годината, но има знаци дека приватната потрошувачка, која ја движи американската економија, почнува да опаѓа. Бруто-домашниот производ (БДП), најшироката мерка за економската активност, порасна со годишна стапка од 2,6 отсто во текот на третиот квартал, според прелиминарните процени на Канцеларијата за економски анализи.
Тоа е пресврт од падот од 1,6 отсто во првиот квартал од годината и негативен резултат од 0,6 отсто во вториот. Економистите предвидуваа раст во периодот јули-септември од 2,4 отсто, покажува истражувањето на „Рефинитива“.
Американскиот претседател Џо Бајден го поздрави закрепнувањето на БДП, велејќи дека тоа е „уште еден доказ дека економско закрепнување продолжува да напредува“.
Иако најновите податоци потврдуваат дека САД во моментов не се во рецесија, економистите предупредуваат дека најновиот извештај за БДП не значи дека тој не е неизбежен. Голем дел од економскиот раст беше поттикнат од балансирањето на увозот и на извозот, при што помалку странски стоки беа испорачани во САД, бидејќи трошоците на домаќинствата се префрлија од мебел, велосипеди и други трајни добра поттикнати од пандемијата на патување и јадење надвор. Приватната потрошувачка порасна во третиот квартал за 1,4 отсто на годишна основа, што, иако подобро од очекуваното, претставува забавување во однос на првите два квартала.