фото: илустрација

Заложниците, кои беа задржани при денешниот обид за грабеж на филијала на „Уникредит“ банка во чешкиот град Прибрам, се ослободени, изјави портпаролката на полицијата Моника Шиндлова.

– Заложниците во „Уникредит“ банка во градот Прибрам се ослободени како резултат на успешно спроведената полициска операција. Нема повредени лица, посочи Шиндолова.

Вооружен маж денеска влезе во филијалата на „Уникредит“ банка во Прибрам и првично зеде девет заложници, за подоцна да ослободи еден од нив.

Напаѓачот е роден 1990 година и носел пиштол.

Прибрам се наоѓа на 60 километри југозападно од главниот град на Чешка, Прага.