Три лица се полесно повредени денеска при силна експлозија на покривот на зградата на Универзитетот во Лион, што се наоѓа во лионското предградие Вилурбан, соопшти француската полиција.

По експлозијата избувнал пожар, кој набрзо бил изгаснат, а била спроведена и евакуација на присутните во објектот.

Управата на Универзитетот соопшти дека до „случајната експлозија“ дошло при градежни работи за реновирање на објектот.