Судот му изрече затворска казна од 3 години и шест месеци на рускиот опозиционер Алексеј Навални.

Условната казна за Навални во случајот со проневера на Ив Рош сега судот ја промени во затворска казна, пренесува ТАСС од судницата.

– Судот пресуди во корист на [Руската] Федерална казнено-поправна служба за укинување на условната пресуда против А. Навални. Му беше одреден притвор пред да стапи на сила пресудата – објави судијката Наталија Репњикова.

Според претходните тврдења на руските власти, Навални и неговиот брат финансиски ја оштетиле компанијата на Ив Рошер, за што добиле условни затворски казни од три и пол години.

Иако казната истече во декември 2020 година, ФСИН сега го обвини Навални за кршење на условната казна и побара таа да биде заменета со затворска казна.