Стравувањата оти модерните технологии би можеле да претставуваат погодни алатки за шпионирање од страна на разузнавачките агенции повторно се обновени, по предупредувањето од страна на „Ватсап“ за откривање на „слаба точка“ во нејзиниот софтвер. 

„Ватсап“ ги охрабрува своите корисници да ја користат најновата верзија на апликацијата по откривање на „слаба точка“ која дозволува шпионски софтвер да биде внесен во телефоните на корисниците преку функцијата за телефонски повик на апликацијата. Шпионскиот софтвер, наводно, е развиен од страна на израелската кибер-разузнавачка компанија „НСО Груп“, што користи лажни телефонски повици за да ги преземе функциите на оперативните системи, пишуваат светските медиуми.

Напаѓачите можат да го пренесат малициозниот код на уредот на нивната цел преку повик и да го „заразат“ уредот во зависност доколку примателот ќе одговори на повикот. Извештаите за дојдовни повици честопати се избришани.

Од „Ватсап“ велат дека оваа слабост била откриена месецов и дека компанијата брзо се соочила со проблемот. Најновата верзија на Ватсап беше објавена вчера и компанијата апелира кон сите корисници да ја обноват апликацијата на оваа верзија, како мерка на претпазливост.

Минатиот месец исто така во јавноста излегоа информации дека британската влада била предупредена дека новиот широкопојасен Интернет и 5Г мрежни технологии кои треба да бидат претставени на целата територија на Република Ирска ќе бидат цел на странски разузнавачки служби и оти можат да бидат сериозна закана за националната безбедност и технолошките бизниси, доколку бидат компроминирани.

Во јавноста се поделени ставововите за кинеската компанија „Хуавеи“. Едни ја сметаат за клучeн снабдувач на мобилна опрема и критичен партнер во транзицијата кон 5Г-технологија, а други пак, за средство со кое кинеската влада ја создава новата генерација на разузнавање и мрежа за кибер-војување.