Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди централна Италија околу 12.50 часот, соопшти Евромедитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на Сан Марино, на длабочина од 15 километри.

Потресот бил почувствуван и во Хрватска.