Патниците на Боинг 737 се водат како исчезнати, откако според првите информации, авионот се урнал само неколку минути по полетувањето во Индонезија. Според првите неофицијални информации, авионот паднал во морето.
Авионот на индонезиската авиокомпанија Сривиџаја Ер изгуби контакт со контролата на летот по полетувањето од аеродромот во Џакарта денеска, насочувајќи се кон Понтианак, во провинцијата Западен Калимантан.
Според неофицијални податоци, во него имало 56 патници, од кои седум деца и три бебиња, како и шест члена на екипажот.
Според првите информации, авионот паднал од висина поголема од 3.000 метри само четири минути по полетувањето.

– Ги следиме извештаите за исчезнатиот авион во Индонезија. Се надеваме дека наскоро ќе имаме повеќе информации – објави Флајтрадар 24.

Авиокомпанијата соопшти дека ќе даде официјална изјава кога ќе имаат повеќе информации.