Авиокомпанијата „Скандинавиан ерлејнс“ откажа 673 летови поради штрајк на пилотите во Данска, Норвешка и Шведска. Откажувањето на летовите погоди 72 илјади патници.

Преговорите помеѓу авиокомпанијата и синдикатот на пилотите беа прекинати утрово без договор.

Посредниците во преговорите кажаа дека постојат големи разлики помеѓу двете страни. Пилотите од трите земји бараат зголемување на платите, предвидлив распоред за работа и надокнада поради скратувањето на платата во 2012 година, кога компанијата имала големи потешкотии.

Од авиокомпанијата изјавија дека е тажно што штрајкот има негативно влијание врз корисниците.