Надлежните служби во Индија започнаа итна евакуација на голем број на жители во земјата поради налетот на тропскиот циклон Фани, кој се смета дека е најсилната временска непогода за земјата во последните години, пренесува Си-ен-ен.

Денес, тропскиот циклон Фани создаде услови за појавување на силни ветрови до 260 километи на час, со што оваа временска непогода се искачува до четвртата категорија на урагани на Сафир-Симпсоновата скала.

Иако се очекува циклонот Фани да го погоди брегот на сојузната држава Одиша утре попладне, силните тропски циклонски ветрови почнуваат да создаваат проблеми на индискиот брег.

Квалификувана како „ектремно силна циклонска бура“, Крајбрежната стража и морнарицата на Индија ставија во функција бродови и хеликоптери за олеснување на операциите за евакуација, а потоа доколку е потребно и за спасувачки мисии. Армијата и воздухопловните сили исто така се на готовс да реагираат доколку е неопходно во сојузните држави Одиша, Западен Бенгал и Андра Пардеш.